Основна
Основање
Конгреси
Биографии
Книги
Настани
Документи
Публицистика
Контакт
Спомени - Ѓорче Петров
Биографски податоци. — Исклучен од Солунската гимназија, Ѓорче Петров доаѓа во Пловдив. — Влијанието на Захариј Стојанов и Д. Ризов на „македончињата“, ученици во Пловдив. Овде се зародува мислата во Ѓорчета за востаничко движење во Македонија. — Станување учител во Штип, почнува да ја проповедува оваа мисла.
Ѓ. Петров како учител во Скопје почнува да збира географски и етнографски материјали за целиот округ. Преместен во Битола, Петров продолжува и овде да збира подобни материјали и да дејствува против србската и грчката пропаганда. — Движење во младината против искључителното влијание на егзархијата во црковно-училишните работи. Борба со намесникот на владиката во Битола. — Петров преместен во Солун.
Полагање првите основи на револуционерната организација во Македонија во 1894 година. — Петров издава хектографиран револуционорен весник во Битола. — Купување првото оружје, револвери, а после и пушки. Составот на прниот роволуционерен комитет во Солун. Првите псевдоними на поглавните револуционерни дејци.
Востанието во 1895 год. и внатрешните дејци. — Првите внесени во Битола бомби, фатени од турците. — Кирајџијата Доне вопреки мачењето ништо не искажува. — Прилепските затворници на чело со Гавазов — Борбата на „егзархистите“ против внатрешната организација. — Почетната дејност на Централниот комитет во Солун.
Првото збирање парични помошти за организацијата. — Организацијата се одзива на еден позив од, егзархот и му дава поткрепа. — Борбата меѓу двете враждебни партии во Солун и напразни обиди за споразум. — Основувањето на револуционерно „Братство“.
Груев и Делчев на состаноци со врховнстите во Софија. — Преллогот од В. К. до Ц.К. за задружна работа. — Напразни преговори. — Мистериозен предлог до организацијата да прими на поклон големо количество пушки. — Разговори на Ѓорчета со видни личности во Софија. — Полно разочарение од луѓето околу В.К. на чело со генерал Николаев.
Организаторската дејност на Делчев по границата. — Прв таен конгрес во Солун. — Прво, расподелба на Македонија на револуционерни окрузи. — Првите шифри, првиот печат на организацијата. — Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува и напечатува првиот поподробен Устав на организацијата. — Ѓорче Петров доаѓа во Софија како задграничен претставител на организацијата. — Друштвото „Странџа“ и Одринско. — Се устројува сопствена леарница за бомби.
Ѓорче и Делчев. — Доставката на пушки од Бугарија. — Политиката на бугарската влада спрема В.К. и Ц.К. — Бугарските агентури во Македонија. — Полно разочарување кај внатрешните, решени веќе да дејствуваат потполно самостојно, а населението да се наоружа само од свои средства. — Отворено противставање со бугарската влада. — Ризов посредничи. — Примените пушки без фишеци. — Преговори меѓу Бугарија и Србија за поделба на сфери на влијание.
Градење сопствена тајна фабрика за леење бомби. — Мајсторите и материјалите за бомби. — Разни видови бомби. — Обиди со загушлив гас. — Фабриката, откриена од бугарската влада, престанува да работи. — Оскудните средства кај внатрешните дејци — Обид да се набават средства преку обири.
Офицерски спомагателни братства. — Генерал Цончев се зближува со внатрешните дејци и тајно појдува во Солун. — Владата против офицерските братства; Цончев преместен во Видин. — Јанков посредник меѓу централистите и врховистите. — Неуспешен обид да се соберат пари во Белград и во Исмаил. -— Се поставуваат врски со Букурешт. Еден бугарин, студент, шпиунин. — Принципиелните разлики поради кои што В.К. и Ц.К. не можеа да се споразумат за здружна работа. — Ѓорче Петров издава в. „Бунтовник“ — Петров како агитатор со живо слово.
Решение на Ц.К. да се наложи на егзархијата да назначи на служба во Македонија по претставен список посочени лица. — Ѓорче Петров во Цариград води преговори со егзархијата. — После долго противење егзархијата пред натискот на Ц.К. отстапува. — Петров бара подесно лице за претседател на новиот Врховен комитет. — Борис Сарафов излегува на чело на комитетот. — Задружната работа на двата комитета, В.К. и Ц.К. отпрвин оди успешно
План за соответна дејност се растројува, поради кусогледање од двете страни. — Тајно решење на офицерите постепено да ја земат В.О. во свои раце. — Првите дејствија на В.К. за да се приложи тоа решење. — Сарафов лекоумно се доверува на Фитовски, турски шпиун. — Предателството на Фитовски. — Разногласија меѓу Петров и Сарафов. — Нелојален став на В.К. спрема Ц.К.
Недовербата кон офицерите од новиот В.К. се засилува. — Планот да се испратат во внатрешноста се осуетува. — После апсењето на Ц.К. во Солун се прави нов обид од В.К. да се наложи ма В.О. — Капетан Софрониј Стојанов во Солун. — Настроение против Г`орчета Петров и обид да го убијат. — Б. Сарафов откажува да му го отстапи своето место во В.К. на генерал Цончев. — Отворена борба меѓу нив. И двете партии усилено агитираат една против друга. — Победата наклонува во полза на Цончев.
Сарафов се двоуми. — Сретба меѓу Цончев и Ѓорче Петров; коисчен раздор меѓу нив. — Вонреден конгрес, свикан од Сарафов. Цончев надделува. — Сарафов уапсен. — Втор В.К. на чело со Хр. Станишев. — Ѓорче Петров уапсен. — Гарванов станува претседател на Ц.К. — Дели Иванов и Д. Стефанов нови задгранични претставители на В.О.
Улогата на Ѓ Петров во аферата на Мис Стон. — Петров интерниран во Трново. — Борбата со врховистите продолжува и се засилува. — Капетан Давидов оди во Битолско. — Напад на Делчев на заседанието на В.К. — Напразни усилби да се предоврати востанието, подбуцнувано од Цончев. — Една слабост кај Гоцета Делчев.
Дејноста на Хр. Матав и Д-р Хр. Татарчев по нивното враќање од заточение. — Петров интерниран во Казанлак. — Гроф Ламсдорф во Софија и поведението на претставителите на В.О. — Главните причини да се убрза општото востание. — Една расподелба на Гарванов од решавачко значење.
Влијанието на Гарванов и на Лозанчев за да се убрза востанието. — Непокорна опозиција на Ѓ. Петров. Резолуција на собранието на внатрешните дејци во Софија против припремањето на општо востание. — Б. Сарафов со содејство на српските власти ја препраќа во Македонија четата на Глигора. — Внатрешни дејци негодуваат против таа постапка на Сарафов. Сарафов се оправдава. — Сретби на Јор. Тренков во Прилеп со војводата Глигор.
Гарванов агитира во полза на земеното решение за востание. Ѓорче Петров и Делчев се противат; Пере Тошев нерешителен. — Сарафов тргнува со чета за внатрешноста. — Делчев се објаснува во Солун со Груев по прашањето за востанието. — Расположење кај Делчев за атентаторство.
Ѓорче Петров трга со четата за Битолско. — Мачнотии при преминувањето на границата. — После големи усилби четата го преминува Вардар. — Расположењето и припремата за востание кај населснието оттука Вардар.
Слабости во организацијата во Прилепско. — Големи жртви на четата на П. Ацев, во борбата со турците при „Студенец“. — Останки од четата на Ѓ. Петров се збираат со разбиена костурска чета на Л. Поп Трајков и Иван Попов и на тиквешката чета на Геле. — Осуетен план на Ѓ. Петров да се разруши железницата од Лерин до Воден. При село Чаништа четите, нападнати, очајно се бијат и успеваат да си пробијат пат. — Ненадејна сретба со Б. Сарафов.
Расформирувањето на четите и лошите од тоа морални поледици. — Ѓ.Петров, останат сам, се присоединува кон четата на Толе-паша. — Петров се крие во Битола. — Оттука Петров, горко разочаран, се прибира во Прилеп и потоа се скрива во Велес. — Два партизански лагери кај дејците во Велес; Петров се замешува да ги смири. — Новодојдена чета во Велес. Сретба со Тодор Лазаров. — Петров, од сите страни пренебрегнат и длабоко навреден, решава да се врати во Бугарија.
Недоволство кај останатите дејци во Битолско од централизаторските планови на Груев. — Петров оди во Прилепско на организационен окружен конгрес. — Конгресот станува подвижен, местејќи се од село на село. — Проект за децентрализација во организационата уредба. — Груев се противи и предлага свој проект. И двата проекта се примаат за проучување од другите окрузи. — Петров во Воденско и во Ениџевардарско. — Реформаторски идеи на Петров против традиционите потхвати во В.О. — Петров по селата во Прилепско. — Не сретнал од никаде сочувство, Петров заминува во Струмишко.
Почеток
|
<<Назад
|
Напред>>
Подготвува:
Цане Ѓорѓиевски